Вие сте на: Home Производи Листели и Декори

Листели и Декори

Листелите и Декорите претставуваат производи кои се добиваат со доработка на керамички, порцелански и гранитни плочки. Тие се украсни елементи кои се вградуваат во секаков вид на ентериер и екстериер како што се купатила, бањи, кујни, дневен престој, балкони и други, со цел разубавување и збогатување на просторот. Можат да се уградуваат и на ѕид и на под.

Хемија-Комерц е една од најголемите компании на Балканот кои се специјализирани за овој тип на производи. Последната инвестиција во модерна опрема го зголеми капацитетот со што моментално фирмата може да произвдува и до 500 м2 Листели и Декори дневно. Нашиот квалитет се заснова на квалитените суровини, изработката и печењето со што добиваме унифицирани производи со врвен и ист квалитет на секој производ.

Модерните трендови на керамичките плочки, порцеланот и гранитот кои главно ги дефинираат западноевропските држави како што се Италија, Шпанија и други вклучуваат уградување на оваков тип на производи во домовите.

Се изработуваат во најразлични видови, бои и димензии во согласност и складност со плочките со кои треба да се уградат и да одговараат. Можат да бидат едноставни или ексклузивни со дополнителни додатоци на злато, платина, различни видови на листели кои даваат ефекти на луксуз и екстравагантност на самиот производ и вашиот дом.

ХЕМИЈА-КОМЕРЦ располага со преку 3000 различни модели на Листели и Декори кои можат да се изработат на секакви видови на плочки, со секакви бои и по желба на самиот купувач.