Вие сте на: Home Производи Керамички садови

Royal Ceramics - Керамички садови

     Керамичките производи за угостителство и домаќинство се израбoтуваат од висококвалитетна маса наречена КАМЕНИНА која се одликува со висока цврстина и белина. Масата е изработена од збир на повеќе високовалитетни рафинирани, прецизно избрани и фино преработени суровини со цел да се добие многу висок квалитет на производот. Производите се одликуваат со висока цврстина, отпорност на отчепување на ивиците и можност за печење на високи температури. Предноста на овој тип на садови кога станува збор за печење и складирање на храна е во тоа што добивате рамномерно и еднакво печење на храната. Масата има својство да ја распределува топлината еднакво по целиот сад заради што нема можност за загорување. Чистењето е многу едноставно заради тоа што храната лесно се одлепува од глазурата. Најбитната работа поврзана со нашите садови е што се најхигиенски садови за складирање на храна во споредба со сите други типови на садови.

Глазурите кои се користат во производcтвото се исклучиво безоловни без присуство на олово и кадмиум што е во согласност со сите Европски и Македонски нормативи. Фирмата поседува и сертификат за дозволена општа употреба на производите во исхрана и широка потрошувачка.

Производната програма вклучува керамички производи за слаткарската индустрија каде се употребуваат како предмети за печење на слатките. Овој тип на производи главно се извезуваат во Грција, Кипар и др. Другиот тип на производи се секаков вид на плитки, длабоки, десертни и чинии за сервирање на храна во различни форми и дизајн за употреба во угостителство и домаќинство.