Вие сте на: Home правилно-користење-на-royal-ceramics-керамичките-садови

УПАТСТВО

Кои предности ги добивате со Royal Ceramics керамичките садови ?


1. РАМНОМЕРНО ПЕЧЕЊЕ НА ХРАНАТА НИЗ ЦЕЛИОТ САД

ВО КЕРАМИЧКИТЕ САДОВИ ПЕЧЕЊЕТО Е РАМНОМЕРНО ВО СПОРЕДБА СО МЕТАЛНИТЕ ИЛИ СТАКЛЕНИ САДОВИ. КЕРАМИКАТА ЈА ДИСТРИБУИРА ТОПЛИНАТА ПОДЕДНАКВО НИЗ ЦЕЛИОТ САД И САДОВИТЕ ЈА ЗАДРЖУВААТ ТОПЛИНАТА ДОЛГО ВРЕМЕ ПОРАДИ ШТО ПОСЛЕ ПЕЧЕЊЕ ХРАНАТА ОСТАНУВА ЗАГРЕАНА НА ВАШАТА ТРПЕЗА.

2. САДОВИТЕ СЕ БЕЗБЕДНИ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

САДОВИТЕ СЕ ИСПИТАНИ И СЕРТИФИЦИРАНИ ЗА ДОЗВОЛЕНА УПОТРЕБА ВО ИСХРАНА СПОРЕД СТАНДАРД EN 13130-1:2004 Directive 84/500/EEC КОИ ВАЖАТ ВО ЦЕЛА ЕВРОПА. ОВОЈ Е ПРИЗНАТ ЕВРОПСКИ МЕЃУНАРОДЕН СТАНДАРД ЗА ПРОИЗВОДИ КОИ ДОАЃААТ ВО ДОПИР СО ХРАНА.ОВОЈ СЕРТИФИКАТ ДОКАЖУВА ДЕКА САДОВИТЕ НЕМААТ ПРИСУСТВО НА ОЛОВО И КАДМИУМ КОИ СЕ ЕДНИ ОД НАЈШТЕТНИТЕ МАТЕРИИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО.

3. ПРАКТИЧНИ И ЛЕСНИ ЗА МИЕЊЕ

САДОВИТЕ СЕ ГЛАЗИРАНИ НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО СТОИ ХРАНАТА. ГЛАЗУРАТА НЕ ДОЗВОЛУВА ХРАНАТА ДА СЕ ЛЕПИ И МИЕЊЕТО Е МНОГУ ЛЕСНО И ЕДНОСТАВНО.

4. САДОВИТЕ  МОЖАТ ДА СЕ ЧУВААТ ВО ФРИЖИДЕР.

САДОВИТЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КОРИСИТЕ КАКО САДОВИ ВО КОИ МОЖЕТЕ ДА ЈА СКАЛДИРАТЕ ВАШАТА ХРАНА ВО ФРИЖИДЕР ЗА ПОНАТАМОШНА УПОТРЕБА.

5. ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ПРОИЗВОД

КЕРАМИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ МОЖАТ ДА СЕ УПОТРЕБУВААТ И ЗА ДРУГИ НАМЕНИ ПОКРАЈ ПЕЧЕЊЕТО, КАКО НА ПРИМЕР ЗАМЕНА ЗА САД ЗА МИКСИРАЊЕ, КАКО САД ЗА СЕРВИРАЊЕ ХРАНА, САД ЗА ОВОШЈЕ И СЕ ДРУГО ПО ВАША ЖЕЛБА.


Како правилно да ги користите Royal Ceramics керамичките садови ?

ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА!


Керамичките садови можат да се  употребуваат во релна (печка) и во микробранова.

Никогаш не го ставјте садот врз жешка плоча или рингла.

Не го ставајте садот директно во оган.

Секогаш ставајте го садот во релна а потоа загрејте ја релната на саканата температура.

Се препорачува да се пере рачно.

Избегнувајте температурни шокови:

Садот не смее да се потопува со ладна вода додека е загреан. Секогаш кога го вадите садот од релна не го ставајте директно на многу ладна површина. Доколу садот бил складиран во фрижидер или замрзнувач оставете го да одстои на собна температура пред употреба во печка.