Вие сте на: Home Новости

Хемија-Комерц на саемот за градежништво Скопје 2012

     Хемија-Комерц ќе се престави со свој штанд како изложувач на  Сaeмот зa грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja во Скопје во периодот од  06.03.2012 - 10.03.2012. Оваа година Хемија-Комерц покрај својата производна програма на декоративни керамички производи ќе ги промовира и порцеланските садови за домаќинство како и производите за печење храна. Воедно Хемија-Комерц ќе го претстави новиот производ кој е промовиран и реализиран во соработка со Жито Вардар, Велес. Се работи за свежа и традиционално приготвена раванија со неколку вкусови, печена во керамички сад од Хемија-Комерц. Заедно со раванијата го добивате и керамичкиот сад. Предностите на овој вид на пакување се многу. Како прво се работи за керамички производ кој е најхигиенски и најбезбеден за здравјето на луѓето во споредба со пластичната амбалажа. Глазурите се испитани и се сертифицирани според строги европски стандарди за храна: EN 13130-1:2004 Directive 84/500/EEC. Друга предност на оваа амбалажа е што е со трајна вредност односно самите купувачи можат да ја користат понатаму за своите домашни потреби како сад за овошје, сад за печење и други потреби по желба. Овој начин на пакување на производите во Европа се практикува веќе долги години. Се надеваме дека со овој проект ќе ја разбудиме свеста кај македонскиот народ за предностите и квалитетот на керамичката амбалажа кои ги добивате за многу пристапна цена.

 РАВАНИЈА ВО КЕРАМИЧКИ САД МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ ВО СКОПЈЕ ВО МАРКЕТИТЕ НА “РЕПТИЛ“ И “ЗУР“.

 ВО ВЕЛЕС ВО СИТЕ ПРОДАВНИЦИ НА ЖИТО-ВАРДАР.

     ВЕ ПОКАНУВАМЕ ДА БИДЕТЕ НАШИ ЦЕНЕТИ ГОСТИ НА САЕМОТ ВО ХАЛА БР.1(Metropolis Arena)

Единствени на Балканот

     Во весникот “Дневник“ беше објавена статија со наслов “ Kанцероген прибор за јадење го преплави македонскиот пазар “ каде Хемија-Комерц е спомената како моментално единствена фабрика на Балканот за производство на полупорцелански садови за јадење според изјавата на лице од менаџерскиот тим на Хемија-Комерц.

   Дознајте повеке на следниот линк: http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=960FE406B98EAC4AAE03100FB4224890

      Македонија е преоплна со садови за домаќинство кој не ги задоволуваат стандардите за овие производи. Оловото и кадмиумот како едни од најотровните метали не смеат да имаат никаkво присуство во производите за исхрана, во спротивно здравјето на луѓето може да биде доведено во голема опасност. Производите на Хемија-Комерц се изработуваат исклучиво со безоловни глазури. Извршено е тестирање за да се докаже ова и податоците кажуваат дека во глазурите на нашите производи нема пронајдено присуство на олово и кадмиум дури до четврта децимала и со ова нашите производи го задоволуваат Европскиот и Македонски стандард за дозволен општа употреба на производите MKS EN ISO/IEC 17025:2005.

03.11.2011, 17:37

Велешкиот порцелан го кутна кинескиот џин

Велешката фабрика за порцелан „Хемија-комерц“ му се спротивставува на големиот индустриски џин Kина и му зеде големо парче од пазарот на Балканот. Нејзините производи ги има во соседството, но најмногу во Грција и во Kипар. Од фабриката може да се пофалат дека се единствени во Македонија и на Балканот кои произведуваат порцелан. Рецептот како му се спротивставија на напливот од кинески порцелан, во „Хемија-комерц“ не е тајна што ја кријат како со шеесетина работници дојдоа до вакви резултати.

- Одговорот е многу едноставен и лесен. Имаме подобри цени од Kинезите. Таа е далеку од нас со илјадници километри, што ќе рече дека времето за транспорт оттаму до Македонија е долго, потоа тие н` условуваат со набавка на големи количини. Ние им нудиме на купувачите да дојдат и да одлучат сами што, како и колку сакаат, каков ќе биде дизајнот и во која потребна количина, што брзо ќе биде реализирано и доставено до крајниот потрошувач - вели Владимир Трајковски, одговорен за продажба

Дознајте повеќе на следниот линк: http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=734137F39797FE48AA5D762CE7E20B47

Награда за најбрзо растечка мала производна компанија во 2009 година

     Хемија-комерц од Велес е добитник на специјалната награда на Министерството за економија за најбрзорастечка мала производна компанија во земјава во конкуренција на 218 микро и мали фирми. Според статистичката анализа, овие 218 фирми од 2006 до 2008 година го зголемиле бројот на вработените од 1.400 на 3.072 лица, приходите им пораснале речиси за два и пол пати, а значителни резултати забележале и во инвестирањето. Велешката компанијата која се занимава со дизајнирање и производство на керамички плочки, според нејзиниот основач, Трајче Трајков, пред 19 години стартувала скромно, но со добро менаџирање ја достигнала сегашната позиција.

 

2009-12-22