Вие сте на: Home За нас

За нас

     ДПТУ Хемија-Комерц ДООЕЛ Трајче е основано во Велес, 1990 година од Трајков Трајче, Генерален Менаџер на компанијата. Компанијата има 60 вработени лица и се простира на вкупен затворен и отворен простор од 8000 м2.

Хемија - Комерц е прво претпријатије од ваков тип во Македонија и пошироко на Балканот кое се бави со производство на Листели, Декори и Мозаици. Листелите, Декорите и Мозаиците претставуваат украсни керамички производи за купатила, бањи, кујни и секаков вид на ентериер и екстериер. Со својата инзвонредна идеја на овој пазар да се пласира таков производ, денес компанијата претставува еден од најголемите производители на декоративни керамички производи на Балканските простори, со врвен и препознатлив квалитет на своите производи.

Хемија-Комерц најголем дел од своето целокупно производство го извезува во Косово, Албанија, Србија, Хрватска, Грција и др. На Македонскиот пазар има удел од преку 90 %.

Хемија-Комерц од 2009 година започна со производство на Керамички садови за домаќинство и угостителство. Се работи за полупорозни керамички производи со најразлични форми и големини кои со своите технички карактеристики ги задоволуваат потребите на угостителите и домаќинставата. Производите се испитани и сертифицирани според европски стандард EN 13130-1:2004 Directive 84/500/EEC за општа употреба во исхрана. Oвој сертификат докажува дека глазурите кои се користат во производството се без присуство на олово и кадмиум што значи дека садовите се безбедни за употреба во исхрана.

Хемија-Комерц е директен увозник на керамички плочки, порцелан, гранит и лепак за плочки со што може да понуди едни од најдобрите цени на Македоснкиот Пазар за овие производи. Хемија-Комерц располага и со два продажни салони во Р.Македонија од кој еден во Велес а друг во Струмица.

Во своите изложбени салони Хемија-Комерц нуди најразлични видови на керамички плочки, гранит, порцелан, секаков вид на санитарија вклучувајќи порцелански елементи за купатила и бањи, туш кабини, мебел за купатила, лепак за плочки и фугирни маси како и секакви видови на метални и пластични лајсни.


Успехот на нашата компанија

     Успехот на нашата компанија се должи на многу фактори. Како прво ХЕМИЈА-КОМЕРЦ во својот производствен процес користи високо квалитетни суровини од врвни производители од Европа и Светот.

Опремата и машините кои ги користи ХЕМИЈА-КОМЕРЦ во своето производство се едни од најсовремените и најсофистицирани машини за керамички производи. Под ова се подразбира автоматизирана декорација и печење на производите во современи формулни печки како и најпрецизна калибрација на Листелите и Декорите. Потребни беа долги години, голем труд и големи инвестиции за да стасаме на ова ниво и да имаме производ со врвен квалитет, но ние тука не запираме туку напротив се стремиме кон понатамошно инвестирање во нова опрема и машини со цел да ги пратиме современите светски трендови и пазарот за нашите производи.

Нудиме најквалитетен производ по најприфатливи цени во Европа. Нашето долгогодишно работење и секојдневните проблеми во бизнисот и производството не научија како да произведеме најквалитетен производ кои е на исто па и повиско рамниште од Европскиот и Светскиот квалитет. Доказ за сето ова се нашите долгодишни партнери и клиенти кои ја стекнале нашата доверба и преставуваат голем дел од нашиот успех.

Во 2010 година Хемија-Комерц го пресели своето производство во нова современо опремена фабрика со затворена површина од 3000м2 која ги задоволува сите Европски стандарди за работење. Фабриката е опремена со најсовремена автоматизирана опрема за изработка на керамички производи.


Награда за најбрзо растечка мала производна компанија во 2009 година

     Во 2009 година на Генералниот Менаџер, Трајков Трајче му беше доделена награда од Министерството за Економија во соработка со други невладини организации во Македонија за најбрзо растечка мала производна компанија во Р.Македонија.

Ова за нашата компанија претставува голема чест и успех кои сме го докажале во изминатите години. Оваа награда претставува дополнителна мотивација за компанија да оди напред, континуирано да се развива и да достигнува повисоки цели.


Долгорочни планови 

     Хемија-Комерц, како претпријатије кое се бави со индустрија која е во постојан чекор со нови и променливи трендови на квалитет и дизајн, има долгорочни планови да континуирано инвестира во нова соврмена опрема, едукација на човечките ресурси, посетување и изложување на Светски познати саеми за керамика, со цел да биде во тек со најновите случување во Светот од областа на керамиката и да може постојано да осговори на барањата на пазарот.